Во четвртокот беа извлечени двојките за четврт-финалето во Лига купот на Англија. Пласман меѓу најдобрите осум изборија Манчестер сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Лестер, Евертон, Оксфорд, Колчестер и Астон Вила.
Дерби на оваа фаза ќе биде пресметката помеѓу тимовите од Премиер лигата Евертон и Лестер, Ливерпул ќе гостуа во Бирмингем кај Астон Вила, додека тимовите од Манчестер добија лесни противници.
Сити ќе гостува кај Оксфорд, а Јунајтед ќе го пречекаат Колчестер.
Четврт-финалните натпревари на програмата се на 17 и 18 декември.