Жозе Мурињо знаел дека Чаби Алонсо ќе стане успешен тренер.
Чаби Алонсо тренерската кариера ја започна во јуниорскиот тим на Реал Сосиедад, а денес успешно го тренира Баер Леверкузен.
Многумина го гледаат како наследник на Карло Анчелоти на клупата на „кралскиот клуб“, а Жозе Мурињо воопшто не е изненаден што неговиот поранешен ученик прераснува во добар тренер.
„Се знаеше дека Чаби Алонсо еден ден ќе стане тренер. Неговото познавање на играта беше многу високо. Го тренираше Гвардиола во Баерн, јас во Реал Мадрид, Анчелоти во Реал Мадрид и Бенитез во Ливерпул.
Ако го споите сето тоа, би рекол дека Чаби има услови да биде многу добар тренер“, изјави Жозе Мурињо.
Баер Леверкузен во моментов е прв во Бундеслигата под водство на Шпанецот оваа сезона. Избраниците на Чаби Алонсо по осум кола имаат седум победи и едно реми.