Победничкиот поход на Манчестер сити за малку ќе завршеше на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер во четврт-финалето на Лига купот, но Џејми Варди и Ријад Марез утнаа во пенал-серијата, за тимот на Пеп Гвардиола да се пласира во полуфиналето на купот.
Бернардо Силва во 26. минута им донесе водство на лидерите во Премиер лигата, и овој резултат беше активен сè до 97. минута, кога Лестер доби помалку сомнителен пенал по што Варди беше убедлив од белата точка за да примора продолжение.
Арсенал се пласираше во полуфиналето откако голот на Дени Велбек беше доволен за 1:0 победа над Вест Хем. Арсен Венгер направи дури 11 промени во тимот кој играше во текот на викендот во Премиер лигата, и „топчиите“ се мачеа да ја „скршат“ дефанзивата на гостите во првото полувреме.
Сепак, Велбек пред полувремето го погоди голот пренасочувајќи го ударот со главата на Матју Дебиши. Победата имаше горчлив вкус за Арсенал, откако Оливие Жиру го повреди бутниот мускул во второто полувреме.