Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс признава дека неговиот клуб може да остане без дефанзивеот Весли Фофана, но предупреди дека Челси и другите клубови не се ниту блиску до неговата вистинска вредност на фудбалерот, за кој „лисиците“ бараат неверојатни 80 милиони фунти.
21-годишниот Фофана во март потпиша нов петгодишен договор со Лестер, и иако се верува дека Челси понудиле 65 милиони фунти за него во втората понуда, тоа не е доволно за договор.
„Не знам за трета понуда. Имаше две кои не беа ниту блиску до тоа да го натераат клубот да размисли за продажба. Поентата е дека ние не сакаме да го продадеме Весли. Тој не е на пазарот, но природно, ако има понуда, таа ќе биде разгледана од клубот. Тој е врвен млад дефанзивец и би сакале да остане со нас. Уште една година би била важна за неговиот развој и тој сфаќа дека ние не сме клуб кој сака само да заработи“, изјави Роџерс.