Top Sport

Лестер со два супер-гола ги „закопа“ надежите на Тотенхем (видео)

Лестер го совлада Тотенхем со 2:1 за да го оддалечи тимот од северен Лондон уште повеќе од лидерите во Премиер лигата, иако и претходно менаџерот Маурисио Почетино изјави дека ти се „испаднати“ од борбата за трофејот.

Победата ја најави Џејми Варди уште во 13. минута, кога Олбрајтон фантастично го пронајде напаѓачот, кој со мајсторски удар го совлада Уго Љорис. Ова инаку беше јубилеен 100. гол во Премиер лигата за асот на поранешните шампиони.

Во финишот на полувремето, Ријад Марез имаше одличен соло пробив, постигнувајќи уште еден фантастичен гол од дваесетина метри.

Тотенхем го зголеми притисокот во второто полувреме, но успеа да го најде решението само во 87. минута, кога по убава акција, Ламела го проигра Хери Кејн за уште еден убав гол.

Тотенхем останува петти со 24 поени, дури 13 помалку од лидерот Манчестер сити, кој има и еден натпревар помалку. Лестер полека се стабилизира под водството на новиот тренер, Клод Пуел и се наоѓа на 9. место со 17 поени.

Во вториот дуел од 20.45 часот, Брајтон и Кристал Палас одиграа без голови.

Scroll to Top