Top Sport

Лестер го исфрли Јунајтед во четврт-финалето на ФА купот

Манчестер јунајтед ќе почека за домашна титула во Англија, откако на гостувањето кај Лестер загубија со 3:1 во четврт-финалето на ФА купот благодарение на грешките на нивната одбрана, доживувајќи го првиот англиски гостински пораз по 14 месеци.

Лестер дојде во водство во 24. минута, кога по лошата реакција на Фред, Келечи Ихеаначо немаше проблем да го совлада Дин Хендерсон, но се вратија во 38. минута, кога одличното нафрлање на Пол Погба прво го пропушти Дони ван де Бек, за Мејсон Гринвуд да израмни на 1:1.

Меѓутоа, стартот на второто полувреме му припадна на тимот на Брендан Роџерс, кои повторно дојдоа во водство во 52. минута преку Јури Тилеманс. Солскјер ги пушти во игра Кавани и Бруно Фернандеш во обид да се врати рамнотежата, но на крајот,  тие ќе почекаат за нова титула од ФА купот, откако Ихеаначо во 78. минута зголеми на 3:1.

Лестер во полуфиналето на Купот ќе играат со Саутемптон, додека во второто полуфинале играат Манчестер сити и Челси.

Scroll to Top