Весли Фофана (21) е играчот до кој Челси се обидува да дојде по секоја цена. „Сините“, досега испратија три понуди во Лестер, сите беа одбиени. Последната изнесуваше 71.000.000 евра, плус 12.000.000 во бонуси.
Фофана им соопштил на клупските челници дека сака да го напушти Лестер. Тој со Челси ги има договорено сите детали.
За да издејствува трансфер, Фофана решил да нес е појавува на тренинзите. Поради тоа клубот реши да го префрли во У-23 тимот и во иднина ќе тренира со овој тим.
„Тој е добро момче и минува низ тежок период. Многу работи се случуваат зад сцената, јас го разбирам тоа. Тој не е фокусиран во моментов, а натпреварите во Премиер лигата не можат да се играат ако не сте 100 отсто фокусирани “ изјави Брендан Роџерс, менаџерот на Лестер.
Фофана е во Англија од 2020 година, кога дојде од Сент Етјен за 35.000.000 евра.
Одличниот стопер веќе договорил се со сините, кои решиле да се откажат откако и третата понуда била одбиена.
Остануваат уште неколку дена до крајот на преодниот рок, па останува да се види дали ситуацијата ќе се промени и дали Фофана на крајот ќе заврши на „Стемфорд Бриџ“.