Top Sport

Лестер го купија Бубакари Сумаре

Лестер сити продолжуваат со импресивните засилувања на стартот на летниот преоден рок, откако го договорија трансферот на Бубакари Сумаре од Лил за 23 милиони фунти.

Според британските медиуми, 22-годишниот фудбалер од средниот ред, кој лани беше еден од клучните фудбалери при освојувањето на француската титула на Лил потпишал петгодишен договор со „лисиците“.

„Лестер е амбициозен клуб и кога ми ги објаснија плановите, знаев дека сакам да дојдам. Горд сум што ќе го носам овој дрес“, изјави Сумаре, кој од 2011 до 2017 беше дел од Пари Сен-Жермен, пред трансферот во Лил.

Scroll to Top