Top Sport

Мозес по девет години замина од Челси

Челси потврдија дека крилото Виктор Мозес направи постојан трансфер во Спартак Москва, заминувајќи си од „Стемфорд Бриџ“ по дури девет години.

30-годишниот Мозес пристигна во Челси од Виган во 2012 година, но немаше меч за „сините“ од октомври 2018 година поминувајќи долго време на позајмици. Вкупно, Мозес имаше 128 настапи за Челси во сите натпреварувања и 18 постигнати голови, освојувајќи титула од Премиер лигата, ФА купот и два трофеи од Лига Европа.

Сепак, поранешниот нигериски репрезентативец, беше на дури шест позајмици, почнувајќи со таа во 2013/14 во Ливерпул, за кои имаше 22 меча. Во 2014/15 тој беше во Стоук сити, пред во 2015/16 да замине за Вест хем. По ова, тој замина во Фенербахче, каде што помина две сезони на позајмица, а потоа и во Интер во 2019, пред минатата сезона да игра токму за Спартак Москва.

Scroll to Top