Top Sport

Лестер и Астон вила израмнети по првото полуфинале (видео)

Лестер се намачи, но успеа да стигне до 1:1 реми против Астон вила во првиот меч од полуфиналето од Англискиот куп, најавувајќи интересен реванш на крајот на месецот во кој ќе се обидат да играат за трофеј против подобриот од дуелот Манчестер сити-Манчестер јунајтед.

„Лисиците“ беа апсолутни фаворити во овој дуел, посебно бидејќи тие се при врвот на табелата во Премиер лигата, додека Вила се мачи да обезбеди опстанок по една сезона во елитата.

Тие имаа и речиси 70 отсто од поседот на топката, но Вила прва дојде во водство во 28. минута, кога по нафрлањето на Ел Гази, дефанзивецот Фредерик Гилбер успеа да го совлада Шмајхел. „Лисиците“, сепак, по тешки маки успеаја да израмнат во 74. минута, откако Џејми Варди го пронајде Келечи Ихеаначо во шестнаесетникот, кој без мака го совлада Ниланд.

Scroll to Top