Top Sport

Лестер изненадувачки фаворити за потписот на Арјен Робен

Арјен Робен, заедно со Франк Рибери ја заврши кариерата во Баерн Минхен, и изненадувачки може да се врати во Премиер лигата и тоа во тимот на поранешните шампиони, Лестер сити.

Според англиските букмејкери, Лестер се први фаворити за потписот на Холанѓанецот со 2/1, додека ПСВ Ајндховен се втори на листата со 3/1. „Лисиците“ имаат млад состав со Демарај Греј и Харви Барнс, така што искуството на Робен би било клучно за тимот на Брендан Роџерс.

34-годишниот Робен веќе има играно во Премиер лигата, каде што од 2004 до 2007 година двапати ја освои Премиер лигата со Челси, а додаде и една титула од ФА купот. По ова, тој замина во Реал Мадрид, по што поголемиот дел од кариерата ја помина во Баерн Минхен, каде што во 10 години освои голем број на титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите во 2013 година.

Scroll to Top