Top Sport

Габор Кираљи замина в пензија

Легендарниот унгарски голман Габор Кираљи на 43 годишна возраст стави крај на професионалната кариера. Кирањи изминатите четири години бранеше во Халадаш, клуб во кој ја започна кариерата.

Габор Кираљи во кариерата настапувал за Херта, Кристал Палас, Астон Вила, Барнли, Минхен 1860 и Фулам.

За Унгарија настапил на 108 натпревари. Кираљи е највозрасниот учесник во историјата на европските првенства. На ЕУРО 2016 во Франција тој настапи на возраст од 40 години, два месеци и два дена.

Scroll to Top