Фудбалерите на Лестер забележаа победа во Лондон над Вест Хем (2.1), додека Тотенхем одиграа нерешено (2:2) кај последно пласираниот Норич. Лестер годината ќе ја завршат со 42 бода на второто место, а Тотенхем се на 30 поени и кога ќе биде комплетирано 20 коло ќе бидат шести, седми или осми на табелата.
Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, пред мечот со Вест Хем изврши девет измени во однос на тимот кој беше поразен од Ливерпул пред два дена. Тоа воопшто не се почиватвува во играта на „лисиците“ победија 2:1, а победата можеше да биде и изразена со повеќе голови, меѓутоа Греј не реализираше пенал во првиот дел при резултат 0:0.
Првиот гол на мечот го постигна Нигериецот Ихеначо во 40 минута. Домаќините пет минути подоцна израмнија преку Форналс.
Конечниот резултат го постави Греј во 56 минута. Асистент за два гола на лестер беше Ајозе През.
Вест Хем го забележаа четвртиот пораз во низа на домашен терен. На табелата „чеканите“ се на 17 место со само 19 поени. Многу е веројатно дека тренерот Мануел Пелегрини ќе добие отказ.
Тотенхем, како и пред два дена пртив Брајтон, одиграа лош натпревар во Норич каде спасија бод во 85 минута.
Марио Вранчиќ го постигна првиот гол за Норич. Тој потоа му асистираше на Пуки чии гол го поништи ВАР. Во второто полувреме Ериксен погоди на брилијантен начин од слободен удар, потоа Орие си постигна комичен авто-гол, а Кејн од пенал ги постави конечните 2:2.