Клод Пуел имаше одличен старт на работата како менаџер на Лестер Сити, предводејќи го поранешниот англиски шампион до импресивна 2:0 победа над сè послабите Евертон.
Првиот гол во ерата на Пуел беше прекрасен – контра-напад преку Демарај Греј и Ријад Марез донесе одличен гол од Џејми Варди. Греј повторно имаше улога и во вториот гол, откако неговото додавање беше лошо пречекано од Џонџо Кени и поставено во мрежата на Евертон.
Додека Лестер изгледаа „обновено“ по одлуката да го отстранат Крег Шекспир како тренер, Евертон остануваат со големи проблеми по отпуштањето на Роналд Куман. Преодниот тренер Дејвид Ансворт не успеа да одговори со подобра игра и лошите „карамели“ остануваат во зоната за испаѓање.