Top Sport

Лестер ќе го одбележи роденденот на Кун Вичаи со пиво и колачи

Поранешниот англиски шампион Лестер сити ќе го прослави денот кој требаше да биде 61. роденден на Кун Вичаи Шриваданапраба со пиво и колачи за фановите на саботниот меч од Премиер лигата против Бурнемаут.

Вичаи во октомври загина откако неговиот хеликоптер падна во близина на стадионот „Кинг Пауер“ по 1:1 ремито со Вест хем. 60-годишниот тајландски сопственик на „лисиците“ ги крена Лестер од третата лига до титулата во Премиер лигата во 2016 година.

„Да се одбележи роденденот на Вичаи Шриваданапраба и да се заблагодариме на ’Сината армија’ за поддршката оваа сезона, потпретседателот на клубот Ајават и целото семејство Шриваданапраба за сите носители на билети ќе обезбедат пиво ’Чанг’ и колачи. Гостопримливоста кон верните навивачи на ’лисиците’ секогаш беше заштитен знак на Кун Вичаи“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top