Top Sport

Макалеле призна дека на Роналдињо му кажал: Ќе те пратам во болница!

Клод Макалеле призна дека директно му се заканил на бразилската мега-ѕвезда Роналдињо дека сериозно ќе го повреди.

Ексфудбалерот на Челси во интервју со својот поранешен соиграч, Вилијам Гала призна дека во средината на 2000-тите во пресметките во Лигата на шампионите, Бразилецот му одел на нерви. Челси играа со Барселона шест пати од 2005 до 2007 во елитното европско натпреварување, четири пати во осминафиналето.

Во шест меча, Макалеле се „судри“ со Роналдињо и не беше импресиониран од неговиот стил, порачувајќи му да ги намали триковите или да биде „исечен“.

„Што му кажав? ’Повеќе сакам да ме издриблаш како што треба, а не со Плејстејшн трикови, бидејќи ќе те ставам во болница’. Што направи тој? Ми ја даде топката и ми се извини“, вели Макалеле.

Тој исто така го спореди Роналдињо со неговиот поранешен колега од Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Зидан беше артист, и секој потег што го правеше беше за да се оди напред. Со Роналдињо, можеме да кажеме дека е слично, но во одредени моменти тој одеше предалеку“, додава Макалеле.

Scroll to Top