Top Sport

Лестер опстанок ќе брка со тренер кој доби отказ во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Лестер пред една недела го отпушти Брендан Роџерс по серијата лоши резултати. Лестер се претпоследни на табелата и до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок воПремиер лигата.

Во Лестер се уште не решиле кој ќе дојде на местото на Роџерс. Последните информации од Англија сугерираат дека клубот ќе донесе помалку лудна одлука. На клупата на „лисиците“ би требало да седне Џеси Марш.

Американецот неодамна доби отказ во Лидс поради серијата лоши резултати и фактот дека неговиот тим се бореше за опстанок.

Слична е ситуацијата и во Лестер, на кој итно му е потребна шок-терапија и навивачите не се сигурни дека Марш е вистинското решение.

Фабрицио Романо тврди клубот во текот на викендот ќе ја донесе конечната одлука..

Лестер моментално е претпоследен на табелата со 25 бодови и денеска ќе го пречека Бурнмаут.

Scroll to Top