Досегашниот фудбалер на ВБА, Џони Еванс (30), денес ја имаше официјалната промоција во својот нов клуб. Репрезентативецот на Република Ирска кариерата ќе ја продолжи во Лестер.
ВБА не успеа да избори опстанок во Премиер лигата, поради што голем број од фудбалерите ќе го напуштат клубот.
Прв што реши да замине е Еванс, кој од 2015 година го носеше дресот на ВБА. Еванс, решил да ја активира клаузулата во договорот, дека може да го напушти клубот за три милиони евра, доколку испадна од Премиер лигата.
Еванс со Лестер потпишал три годишен договор. Ирецот е второто засилување за Лестер, откако претходно во клубот пристигна Португалецот Рикардо Переира.