Лестер ексрепсно се врати во Премиер лигата. Под водство на сега веќе новиот тренер на Челси, Енцо Мареска, Лестер го освои првото место во Чемпионшип дивизјата.
„Лисиците“ започнаа да ги кројат плановите за следната сезона, но прашање е како сето тоа ќе изгледа бидејќи клубот се соочува со жестока казна поради прекршување на финансискиот фер-плеј.
„Лестер Сити може да биде казнет со одземање бодови. Не се знае точно колкава ќе биде казната за прекршување на финансискиот фер-плеј. Таа треба да биде меѓу шест и 15 поени. Тоа би било тежок удар за амбициите на клубот да остане во Премиер лигата“, пишува „Телеграф“.
Најголемата казна кога е во прашање одземањето бодови од англиската Премиер лига е доделена во сезоната 2009/10. На Портсмут тогаш беа одземени девет бода, поради што клубот не успеа да избори опстанок во Чемпионшип дивизијата.