Top Sport

Летале шишиња, завои, реквизити…во соблекувалната на Реал

Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз дома, против Селта Виго со 2:0, а последиците од поразот одекнаа во соблекувалната, тврдат шпанските медиуми.

Според извештаите, разни предмети:шишиња, завои и разни други реквизити, летале низ соблекувалната, додека играчите покажувале отворено незадоволство од судењето.

Атмосферата наводно била напната: некои играчи биле лути на судиите, додека други биле фрустрирани од критиките на нивните соиграчи кон судијата.

Интересно е што тренерот Чаби Алонсо не бил сведок на хаосот. Легендарниот шпански играч од средниот ред не влегол во соблекувалната по натпреварот, ниту пак имал никаков контакт со играчите.

На тренингот што следел по поразот, Алонсо јасно стави до знаење:

„Сите сме обединети, бидејќи сме свесни дека станува збор за фудбал. Мора да гледаме кон иднината. Знаеме какви се барањата, тешко е да се прифатат порази, но, повторувам, мора да продолжиме напред. Тоа е наша заедничка одговорност, мора да останеме обединети за да ги постигнеме поставените цели.“

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');