Германски „Билд“ попладнево пренесе информација дека имало инцидент на денешниот тренинг на минхенски Баерн.
Според информациите, Леон Горецка намерно го срушил дефанзивецот Џером Боатенг, по што искусниот играч возвратил, го удрил младиот фудбалер во глава.
За инцидентот да не прерасне во вистинска тепачка се погрижил напаѓачот Роберт Левандовски кој ги раздвоил, а во целата ситуација се вмешал и тренерот Флик.
Наводно, дел од фудбалерите му се нафрлиле на Горецка со зборовите „Секогаш исти сра.а со тебе“, а најгласен меѓу нив бил искусниот Томас Милер.
Потоа, Горецка заминал на разговор кај тренерот Флик.
Hoje houve uma briga no treino:
Goretzka entrou em um desafio e derrubou Boateng sem a bola. Este reagiu e atingiu Goretzka com a mão no rosto. Robert Lewandowski foi o primeiro a entrar e puxar Boateng para longe. Flick então interveio e conversou com Boateng. [Bild] pic.twitter.com/Mv1BAd7vgt
— Insider Bayern (@InsiderBayern) January 29, 2020
There was a brawl in training today: Goretzka went into a challenge & fouled Boateng without the ball. The latter reacted and hit Goretzka with his hand to the face.
Robert Lewandowski was first to jump in and pull Boateng away. Flick then intervened and talked to Boateng [Bild] pic.twitter.com/KTvgVoadmz— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 29, 2020