Борусија Дортмунд се соочува со продажба на барем една од своите фудбалски ѕвезди во текот на летото, тврди германскиот „Спорт 1“, реагирајќи на слабата форма на тимот и на економските последици од пандемијата на КОВИД-19.
Поради недостатокот на навивачи на стадионите, Борусија очекува финансиската сезона 2020/21 да ја заврши со негатива од 75 милиони евра, а бидејќи со лошата форма е неизвесен и пласманот во Лигата на шампионите, проблемот може да стане и поголем.
Според „Спорт 1“, шефовите на БВБ веќе се помириле со фактот дека Џејдон Санчо најверојатно ќе го направи големиот трансфер во некој премиерлигаш, но на листата на играчи кои може да се на продажба се и Рафаел Гереиро, Јулијан Бранд и Џовани Рејна. Сепак, Борусија ќе се обиде да го заддржи својот напаѓач Ерлинг Халанд и покрај најавите дека Манчестер сити ќе понудат „богатство“ за него.