Top Sport

Лев го продолжи договор со Фудбалскиот сојуз на Германија

Јоаким Лев го продолжил договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија (ДФБ). Денес, Лев, го потпишал новиот договор кој ќе му истече во 2022 година.

Лев селекцијата на германија ја презеде од Јирген Клинсман по завршувањето на Светското првенство во 2006 година. Осум години подоцна тој со Германија ја освои светската титула.

Во моментов, Лев еден од селекторите со најдолг стаж.

Според новиот договор тој ќе ја предводи Германија и на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Scroll to Top