Top Sport

Лев и во иднина ќе биде германски селектор

Фудбалската репрезентација на Германија на тековното Светско првенство доживеа дебакл, откако не успеа да ја мине релативно лесната група во која беа Шведска, Мексико и Јужна Кореја.

И покрај катастрофалниот резултат позицијата на селекторот Јоаким Лев не е загрозена. Фудбалскиот сојуз на Германија соопшти дека Лев ја има довербата и дека ќе остане на функцијата до Светското првенство во Катар во 2022 година.

Лев е селектор на Германија од 2006 година, а пред четири години успеа со националниот тим да ја освои светската титула.

Во кариерата тој ја предводел Германија на 165 натпревар на кои забележал 108 победи.

Scroll to Top