Top Sport

Легендарниот капитен го напушти Атлетико Мадрид

Легендарниот капитен на Атлетико Мадрид Габи Фернандес Аренас го напушти клубот од „Ванда Метрополитано“ и кариерата ќе ја продолжи во Катар.

Габи (35), потпишал договор со Ал Сад од Дубаи до 2021 година. Во овој клуб од 2015 година настапува легендата на Барселона Чеви Ернандес.

Габи ја минал младинската школа на Атлетико Мадрид, а во првиот тим бил префрлен во 2004 година. До 2007 година бил играч на „јорганџиите“ кога се преселил во Сарагоса.

Четири години подоцна тој се вратил во матичниот клуб и во вториот мандат со Атлетико два пати ја освои Лига Европа (2012, 2018), Супер купот на Европа (2012), првенството на Шпанија (2014) и националниот Куп (2013).

Покрај Габи, клубот во овој преоден рок, остана без уште еден легендарен фудбалер, Фернандо Торес.

Scroll to Top