Германскиот селектор Јоаким Лев нема многу оправдувања за шокантниот (и за нас историски) 1:2 пораз од Македонија, признавајќи дека неговиот тим едноставно не успеал да ни направи проблем.
„Разочарувањето е огромно. Бевме преуморни и ја немавме свежината во нашите акции и направивме премногу грешки. Кога игравме брзо, бевме опасни. Противникот играше длабоко, но не успеавме да им направиме никаков проблем. На крајот, беше крајно разочарувачки“, вели Лев.
Серж Гнабри, кој можеби ги имаше најдобрите шанси од игра, честиташе за победата.
„Честитки до Македонија. Се вративме во игра, направивме шанси, но работите напред не функционираа. На крајот тоа не беше доволно“, изјави Гнабри.
Најкритичен беше капитенот Илкај Гундоган.
„Вакви работи не смеат да се случуваат. Чувствувавме како Македонците да беа пред голот само двапати! Направивме доста шанси, но не дојдовме до гол. Не изгледавме добро ниту напред, ниту назад“, вели ѕвездата на Манчестер сити.
Joachim #Löw: "Die Enttäuschung ist bei uns allen riesengroß. Wir haben müde gewirkt, Fehler gemacht und waren langsam im Spiel nach vorne. Der Gegner stand tief und wir haben keine Mittel gefunden, ihn vor Probleme zu stellen." ➡️ https://t.co/L0eeCYZN4y#GERMKD #DieMannschaft pic.twitter.com/7RPke5f1UZ
— Die Mannschaft (@DFB_Team) March 31, 2021