Top Sport

Луис Енрике старо-нов селектор на Шпанија

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија Луис Енрике се врати на функцијата која ја напушти поради здравствените проблеми што ги имаше неговата ќерка, која почна во септември.

Шпекулациите на новинарите дека Луис Енрике повторно ќе биде селектор, во вторникот, на прес конференција ги потврдил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубијалес.

49 годишникот на клупата ќе го наследи својот некогашен асистент Роберто Морено, кој ја презеде функцијата по заминувањето Енрике.

Морено одлично си ја заврши работата, уште во октомвир успеа да избори пласман на ЕУРО 2020, а интересно успехот му го посвети токму на Луис Енрике.

Според шпанските медиуми Морено, синоќа по победата над Романија (5:0), дознал дека Луис Енрике ќе се врати на функцијата, поради што плачејќи го напуштил стадионот „Ванда Метрополитано“.

Scroll to Top