Top Sport

Левандовски до Управата на Баерн: Донесете засилувања!

Минхенски Баерн во Суперкупот на Германија загуби со 2-0 од Борусија Дортмунд, а полскиот голгетер, Роберт Левандовски рече дека меѓу резервните фудбалери во баварската екипа нема играчи кои може да решат меч.

„Се разбира, младите играчи на клупата имаат потенцијал, но понекогаш ви треба директно засилување, некој кој може да и помогне на екипата“ – вели Левандовски.

За разлика од „милионерите“ кои се засилија летово, Баерн ги доведе дефанзивците Бенџамин Павар и Лукас Ернандес, а клубот го напуштија Арјен Робен, Франк Рибери, Хамес Родригес, Матс Хумелс и Рафиња.

Од Хамбург дојде Јан Фите Арп, но неизвесно е дали ќе остане на „Алијанц Арена“ или ќе оди на позајмица.

„И понатаму исто мислам, а сега можевме да видиме што можеше да се случи да имавме професионален играч подготвен да влезе во игра“ – наведе Полјакот.

Баерн преговара со Манчестер Сити за трансферот на Лирој Сане. Левандовски вели дека екипата ја изгуби самодовербата.
„Ја изгубивме нашата игра, можевме да го победиме Дортмунд, но направивме едноставни грешки. Секогаш кога ќе примиме гол се обидуваме да продолжиме со играта, но нема доверба дека тоа го можеме“ – вели Левандовски.

Scroll to Top