Top Sport

Марк Маркез недостижен за конкуренцијата во Брно за 50. победа

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез во висок стил триумфира на трката за Големата награда на Чешка во Брно што воедно беше 50. победа за него во „кралската класа“.

Маркез водеше од старт па се до крајот на трката и стана четвртиот возач во историјата со 50 победи во оваа класа.
Андреа Довициозо го следеше Маркез некаде до половината на тенешната Мото ГП трка, но потоа, во последните 10 круга, возачот на Дукати не успеа да му парира на лидерот на трката.

Трет стартно-целната рамнина во Брно јамина Џек Милер.

Организаторите на трката во Чешка имаа проблеми во организација поради пороен дожд кој го одложи стартот на трката за 40-тина минути.
Со денешните бодови, Шпанецот има вкупно 210 бодови. Зад него се Довициозосо со 63, односно Петручи.

Следниот викенд ќе се вози трката за Големата награда на Австрија.

Scroll to Top