Напаѓачот на Барселона и капитен на полската репрезентација, Роберт Левандовски, објави дека повеќе нема да игра за националниот тим додека Михал Пробиеж е на нејзино чело.
„Поради моменталната ситуација и губењето на довербата во тренерот, решив да не играм за националниот тим сè додека тој е на таа позиција. Се надевам дека во иднина повторно ќе го носам дресот на националниот тим за најдобрите навивачи во светот“, изјави Левандовски преку социјалните мрежи.
Пробиеж ја презеде репрезентацијата во септември 2023 година, но под негово водство Полска беше елиминирана како прва екипа од Европското првенство во 2024 година. И покрај лошиот резултат, претседателот на Фудбалскиот сојуз Чежари Кулеша изјави дека селекторот ја има поддршката од Сојузот.
На најдобриот полски фудбалер во историјата очигледно тоа не му се допадна.
Левандовски дебитираше за националниот тим во 2008 година и досега постигна 85 гола, што го прави најдобар стрелец во историјата на националниот тим.