Top Sport

Левандовски го кани Сане во Баерн

Роберт Левандовски вели дека Лирој Сане би бил добредојден во Баерн Минхен, каде што би можел да стане клучен фудбалер кој би помогнал за „нови решенија“.

Фудбалерот на Манчестер сити подолго време е поврзуван со трансфер кај Баварците и се очекува да биде приоритет на клубот ова лето. Се веруваше дека е договорен трансфер и минатото лето, пред Сане да добие сериозна повреда на коленото во август. Сега, Левандовски вели дека тој би бил одличен за неговиот тим.

„Има многу шпекулации, но можам да кажам дека е голем фудбалер со одлични квалитети кој може да игра во хармонија со соиграчите. Не само во Премиер лигата и Лигата на шампионите, туку го видовме што умее и во Шалке. Тој би ни помогнал да најдеме нови решенија во играта“, вели Левандовски.

Левандовски исто така му посака добредојде на Мирослав Клозе, кој од неодамна е дел на тренерскиот тим на Ханси Флик.

„Го знам добро Миро, кој беше легендарен фудбалер со огромно искуство. Од секој тренер можеш да научиш многу“, додава Левандовски.

Scroll to Top