Top Sport

Сумо-борачот Шобуши почина од корона вирусот на само 28 години

Јапонската сумо асоцијација (ЈСА) потврди дека 29-годишниот сумо-борач Шобуши, со вистинско име Кијотака Суетаке, починал од корона вирусот, како една од најмладите жртви од болеста во Јапонија,.

Шобуши добил треска на 4 април, но не успеал да се тестира на корона вирусот додека не се влошиле неговите симптоми четири дена подоцна. На 19 април тој бил префрлен на оддел за интензивна нега, бидејќи страдал од дијабетес.

„Можеме да замислиме колку тешко му било, да се бори со болеста повеќе од месец, но како борач тој го изддржа тоа храбро и се бореше до крај. Сега почива во мир“, изјави претседателот на ЈСА, Хакаку.

Шобуши ја почнал професионалната кариера во 2007 година и стигна до 11. место во санданме дивизијата, четвртото ниво на сумото. Во неговиот тим, Такадагава уште шест други сумо-борачи биле позитивни на КОВИД-19, но сите поминале без посериозни проблеми.

Scroll to Top