Top Sport

Левандовски го крена на нозе „Ноу Камп“ со два „мајсторски“ гола

Роберт Левандовски е истиот, иако е во нов клуб, откако постигна два фантастични гола за да ги предводи Барселона до 4:0 победа над Реал Валјадолид, покажувајќи на сите скептици кои сметаа дека е престар за нов почеток, дека класата нема години.

Откако минатото коло постигна два гола на гости против Реал Сосиедад, полската гол-машина „проработе“ во 24. минута, кога по одличната асистенција на уште едно ново засилување, Рафиња, постигна уште поубав гол. Тимот на Чави Ернандез не го намали притисокот и во 43. минута, Педри се најде во најдобра позиција по мешаницата пред голот на гостите за да го удвои водството.

Лева не застана тука – во 65. минута, по асистенција на Усман Дембеле (негова втора на мечот), со петица го постигна својот втор гол за да го запечати триумфот и да го најави големото пристигнување во шпанскиот фудбал. Во 92. минута од мечот Левандовски за малку ќе го комплетираше хет-трикот, но неговиот удар заврши во пречката, пред Серхи Роберто да ги постави конечните 4:0.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top