Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата иднина откако ќе истече договорот. Романо додава дека, исто како и Левандовски, германскиот напаѓач Тимо Вернер нема да се приклучи на Интер Мајами.
Полјакот има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола во 17 настапи и асистираше двапати.
Ова му е четврта сезона во Барселона, за која досега играше многу добро. Има 164 настапи и постигна 109 гола. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски играше за Баерн, за кој постигна 344 гола, и за Борусија Дортмунд, за која постигна 103 гола.
Интер Мајами е клубот на Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да дојде во Флорида пред две години, и оттогаш полека се гради тим од пријателите на Меси. Следната сезона таму ќе бидат Родриго де Пол и Луис Суарез, додека Серхио Бускетс и Џорди Алба ги завршија кариерите.
Интер Мајами ги освои своите единствени трофеи во оваа ера на Меси. Тоа се МЛС Купот и Купот на Американската лига. Меси беше прогласен за МВП на МЛС две сезони по ред.
Foto/ depositphotos
