Top Sport

Левандовски го скрши „малерот“, сега им дал голови на сите бундеслигаши (видео)

Баерн Минхен по првото полувреме против Фортуна Диселдорф има очекувано 3:0 водство, а полскиот голгетер Роберт Левандовски, конечно, може да ги пречкрта и Диселдорф на листата на бундеслигашки противници на кои им нема постигнато гол.

Во 43. минута од мечот, Левандовски по одличната акција го постигна третиот гол за Баварците за да има постигнато гол против сите актуелни членови на Бундеслигата. Покрај тоа, ова беше 43. гол на Полјакот оваа сезона, со што го израмни својот најдобар скор во кариерата.

Scroll to Top