Top Sport

Суарез: Барса оди на сите трофеи, тоа никогаш не се менува

Уругвајскиот напаѓач на Барселона, Луис Суарез вели дека принудната фудбалска пауза поради корона вирусот не влијаела на амбицијата на клубот да ги освои сите можни трофеи, велејќи дека тоа никогаш нема да се смени.

Шпанските клубови се вратија на тренинзи пред најавеното враќање на лигата од 11 јуни, и Барса влегува во финишот со два поени предност пред Реал Мадрид во Ла лига на 11 кола пред крајот, а уште ги чека реваншот од осминафиналето на ЛШ против Наполи (одиграа 1:1 на гости).

33-годишниот Суарез, кој паузата ја искористи да се опорави од повредата, вели дека тргнуваат со големи амбиции.

„Секогаш е исто со амбициите во Барса, да се освои што е можно и мислам дека сме во добра форма. Јас сум задоволен од мојата форма. Прво работев сам на фитнесот со тренерот Хуанхо, а потоа се приклучив и на групните тренинзи. Делумно, корона вирусот ми помогна да се оздравам и да играм во мечеви кои требаше да ги пропуштам. Тоа е добро, но лоша е ситуацијата со која се справуваат луѓето“, вели Суарез.

Scroll to Top