Top Sport

Левандовски и Полска ја „здробија“ Литванија во последниот тест (видео)

Полска покажа дека е фаворит за освојување на првото место во групата Х на Мундијалот, откако во последниот тест пред патувањето во Русија со 4:0 ја декласира Литванија на „Националниот стадион“ во Варшава.

Првата ѕвезда на Полјаците, Роберт Левандовски го реши победникот на мечот уште во првото полувреме со два гола, по што во второто полувреме конечниот резултат го поставија Давид Ковнацки и Куба Блашчиковски од пенал во финишот на мечот.

Полска првенството го започнува во вторник со меч со Сенегал, а во нивната група уште се и Јапонија и Колумбија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top