Top Sport

Мбапе доби незгоден удар, Французите загрижени

Килијан Мбапе доби незгоден удар од Адил Рами на тренингот на француската репрезентација, зголемувајќи ја грижата на селекторот Дидие Дешам.

18-годишниот Мбапе доби удар во скочниот зглоб на стадионот „Глебовец“ во Истра, и остана неколку минути на тревата, добивајќи третман од физиотерапевтите. Франција го стартува шампионатот во Русија во сабота со дуел со Австралија, каде што напаѓачот на ПСЖ можеби нема да биде неопходен.

Доколку се работи за посериозна повреда, Мбапе би можел да го пропушти шампионатот, а Дешам да повика некој од листата на резерви, на која се наоѓаат напаѓачите Антони Марсијал (Манчестер јунајтед), Александер Лаказет (Арсенал) и Кингсли Коман (Баерн).

Фото: ЕПА

Scroll to Top