Top Sport

„Левандовски игра подобро откако реков дека заминувам“

Барселона одигра 1:1 во Неапол, против Наполи, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Голот за Барселона го постигна Левандовски во 60.минута, 15 минути подоцна конечниот резултат го постави Осимен.

Тренерот на Барселона, Чави, на прес конференцијата, го пофали искусниот напаѓач.

„Доминиравме и заслуживме да победиме на овој натпревар“, изјави Чави Ернандез и потоа продолжи.

„Од мојата објава дека ќе го напуштам клубот, Левандовски направи голем чекор напред. Постигна многу важни голови на последните натпревари“.

Барселона и Наполи осминафиналниот реванш ќе го одиграат на 12 март.

Scroll to Top