Top Sport

Левандовски ќе ги почне подготовките со Баерн Минхен

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски синоќа пристигна во Минхен и денеска треба да се појави на првиот тренинг на Баерн Минхен за новата сезона.

Германскиот првак почна со тренинзи минатата недела, но Полјакот доби подолг одмор затоа што настапуваше за својата репрезенација на натпреварите во Лигата на нации.

Левандовски сака да направи трансфер во Барселона, но нема да ги бојкотира тренинзите, туку ќе се однесува професионално и ќе го чека развојот на настаните во преговорите меѓу Баерн Минхен и Барса.

Напаѓачот веќе има договор со каталонскиот клуб околу личните услови за негова преселба на „Камп Ноу“.

Scroll to Top