Top Sport

Левандовски ќе ги почне подготовките со Баерн

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски утре ќе се појави на почетокот на подготовките на Баерн Минхен.

„Деветката“ на славниот германски клуб нема намера да остане во Минхен и следната сезона бидејќи веќе некое време се обидува да направи трансфер во Барселона.

Баерн ќе му дозволи трансфер, но само под услов Барселона веднаш да плати 40.000.000 евра. Клубот од Шпанија инситира трансферот да го исплаќа на рати.

Од оваа перспектива тешко дека Барса ќе може да го плати трансферот бидејќи го договрија рафиња од Лидс јунајтед за 72.000.000 евра.

Во исчекување на разврската на ситуацијата, Левандовски планира целосно да се посвети на обврските во Баерн и на утрешната прозивка ќе се пријави кај Јулијан Нагелсман и ќе ги започне подготовките.

Сака да покаже дека е вистински професионалец, па доколку дојде до разделба, барем од негова страна тоа да биде на убав начин.

Лева сака да оди во Барселона, но ситуацијата внимателно ја следат ПСЖ и Челси.

Scroll to Top