Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски изјави дека би сакал Лионел Меси да му стане соиграч.
Аргентинскиот репрезентативец го напушти каталонскиот клуб во 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен, а медиумите се почесто пишуваат дека тој ќе се врати на „Ноу Камп“.
„Неговото место е во Барселона и ако се врати тоа би било нешто неверојатно. Сите знаеме дека тој припаѓа овде, но не можам да знам што ќе се случи во иднина. Се надевам дека ќе играме заедно следната сезона“, изјави Левандовски.