Top Sport

Левандовски потврди дека ја напушта Барселона

Роберт Левандовски официјално потврди дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната.

Полскиот напаѓач се збогува со каталонскиот клуб со емотивна порака на Инстаграм, ставајќи крај на неколку месечните шпекулации за неговата иднина.

„По четири години полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е завршена. Четири сезони, три трофеи“, напиша Левандовски.

Искусниот голгетер особено го истакна односот со навивачите и животот во Каталонија.

„Никогаш нема да ја заборавам љубовта што ја добив од навивачите од првиот ден. Каталонија е мојот дом“, рече Полјакот.

На крајот од својата проштална порака, тој испрати јасна порака до навивачите на Барселона.

„Барса се врати таму каде што припаѓа. Виска ел Барса. Вива Каталонија“, заклучи Левандовски.

Полскиот напаѓач пристигна во Барселона во 2022 година од Баерн и брзо стана еден од лидерите на тимот. Тој настапи во 191 натпревар за Барса и забележа 119 голови и 24 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');