Top Sport

Левандовски се збогуваше, а фановите му скандираа „Хала Мадрид!“

Роберт Левандовски се врати во Минхен за да се збогува со поранешните соиграчи и раководството на клубот, но навивачите веднаш му го свртеа грбот, а го провоцираа со скандирања „Хала Мадрид!“

Полскиот напаѓач пред неколку дена за 50 милиони евра се пресели од Баерн Минхен во Барселона, а бидејќи немаше време да се збогува со долгогодишните соработници, вети дека ќе се врати по враќањето од Соединетите Американски Држави.

34-годишниот напаѓач го исполни ветувањето. Тој вчера дојде во Минхен, топло се збогуваше со луѓето кои работат во Баерн, а денеска се прости од поранешните соиграчи и раководството на клубот.

Сепак, навивачите на Баерн имаа интересна реакција за Левандовски. При излегувањето од клупските простории, насобраните навивачи скандираа „Хала Мадрид, хала Мадрид“!

На овој начин навивачите на баварскиот великан решија да го испровоцираат Полјакот и очигледно некои од нив не можат да му простат за тоа што го напушти клубот.

Полскиот напаѓач освои апсолутно се што можеше со Баерн Минхен во претходните осум години. Постави многу рекорди, постигнувајќи 344 гола на 375 натпревари.

Scroll to Top