Top Sport

Левандовски со четири гола сам ја совлада Херта!

Роберт Левандовски постигна четири гола за да осигура европскиот шампион Баерн Минхен да стигне до победа во трилер-мечот со Херта Берлин со 4:3 на „Алијанц арената“.

Работите одеа кон тоа Баварците да забележат убедлива победа, бидејќи Роберт Левандовски во 40. и 51. донесе 2:0 водство на домаќините, откако претходно голот на Томас Милер беше поништен поради офсајд.

Џон Кордоба во 61. минута ја искористи ретката слаба интервенција на Мануел Ноер да намали на 2:1, пред во 71. минута по несмасната реакција на одбраната да израмни на 2:2.

Меѓутоа, Баварците го имаат неверојатниот Полјак, кој во 85. минута повторно ја смести топката во голот на Херта, пред само две минути подоцна Џесик Нганкам да израмни на 3:3. Точка на натпреварот стави Левандовски со гол од пенал во 92. минута.

Scroll to Top