Top Sport

Левандовски со неверојатен 44. гол оваа сезона – Баерн во финалето на купот (видео)

Роберт Левандовски, како и безброј пати претходно, беше човекот на одлука и им донесе на Баерн Минхен 2:1 победа над Ајнтрахт Франкфурт во полуфиналето на Германскиот куп и пласман во мечот за титула против Баер Леверкузен.

Дуелот на „Алијанц арената“ започна одлично за Баварците, откако Иван Перишиќ во 14. минута доби одлично нафрлање од Томас Милер по брзата контра и со глава го совлада Кевин Трап.

Меѓутоа,  во 70. минута „Орлите“ се вратија во игра откако Дени Да Коста само четири минути откако влезе во игра беше подобар од Мануел Ноер. Само четири минути подоцна, по една мешаница пред гостинскиот гол, Левандовски го постигна својот 44. гол гол оваа сезона за голема победа.

Со овие 44 гола, Левандовски ја има својата најдобра сезона во кариерата!

Scroll to Top