Top Sport

Левандовски: Тешка ноќ

Во второто коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Барселона беа поразени со 0:2 на гостувањето кај Баерн во Минхен.

Поранешниот напаѓач на Баварците Роберт Левандовски се врати во Минхен во дресот на каталонскиот великан, но по поразот разочаран си замина од „Алијанц“ арената, која во оваа прилика го пречека со аплаузи и свирежи.

Полскиот напаѓач по натпреварот се огласи на социјалните мрежи.

„Ова беше тешка ноќ, сега е време да се фокусираме на иднината“, напиша Левандовски на Инстаграм.

Полскиот фудбалер помина осум години во дресот на баварскиот гигант. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на клубот зад легендарниот Герд Милер.

Scroll to Top