Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, изјавил дека челниците на клубот треба да работат на трансферот на Лирој Сане од Манчестер сити.
Крилниот фудбалер на англискиот шампион не е во добри релации со менаџерот Пеп Гвардиола, поради што се шпекулира дека тој ќе биде ставен на трансфер листата. Изминатите денови Сане се поврзува со трансфер во Баерн Минхен.
„Сане е одличен играч, има квалитет и тоа го има докажано. Истиот момент тој би го подигнал квалитетот на нашата игра на едно повисоко ниво“, рекол Левандовски.
Баерн за наредната сезона веќе ги ангажираа Лукас Ернандес и Бенжаман Павар, а во најава се уште неколку звучни засилувања.
„Преодниот рок се уште не започнал, знам дека има простор за уште неколку засилувања. Верувам дека клубот не го кажал последниот збор и дека ќе има уште квалитетни трансфери. Едноставно е, кога ќе почне сезоната мораш да бидеш подготвен“, заклучил репрезентативецот на Полска.