Роберт Левандовски вели дека трката по „Златната топка“ во 2023 година е веќе завршена и покрај тоа што има уште 10 месеци до доделувањето на наградата.
Полјакот, кој во 2020 беше разочаран што ја загуби најелитната индивидуална награда во спортот и покрај тоа што ја освои ЛШ со Баерн Минхен, откако „Франс фудбал“ не ја додели наградата поради пандемијата на КОВИД, а следната година загуби од Лионел Меси, кој ја прими рекорден седми пат наградата. Иако „Франс фудбал“ ги сменија правилата со што успесите во кариерата ќе бидат помалку важни од успесите во текот на годината, Левандовски вели дека Меси сигурно ќе стане осумкратен добитник.
„Секако дека веќе имаме победник. Има можеби уште еден играч кој игра за истиот клуб, но има само едно Светско првенство кое го одлучува победникот и Лео сега е на врвот кога го оствари тоа што го посакуваше цел живот. Сега, може само да ужива“, вели Левандовски за „Мундо депортиво“.