Top Sport

Левандовски во трка со времето

Најдобриот стрелец на фудбалската репрезентација на Полска, Роберт Левандовски (35),поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар на Европското првенство. Полска, во недела ќе игра против Холандија.

Полскиот селектор Михал Пробијеж е убден дека неговиот најдобар фудбалер ќе биде во тимот за вториот меч.

Левандовски , пред три дена го повреди бутниот мускул во текот на пријателскиот натпревар со Турција.

„Изненаден сум кога ги читам коментарите дека е невозможно да се врати кога ќе се скине мускулот. Постојат различни степени на таква повреда. Има напредок во неговото лекување, медицинскиот штаб прави се за што поскоро да се врати на терените“, изјави Пробијеж.

Scroll to Top